На 24.11.2025 во 23:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 22:10 часот настанал пожар во менза од објект на фирма во с.Визбегово, скопско.
Пожарот бил изгаснат од сопственикот Ж.В.(44) од Скопје, кој поради вдишување чад се упатил во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
