Пожар во метро во Букурешт, евакуирани 172 лица, 25 побарале помош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на романската служба за вонредни ситуации, наведе дека пожар се случил во тунел во метро станица во Букурешт, поради што пожарникарите морале да интервенираат и да евакуираат 172 лица, откако претходно ја исклучиле струјата.

„На метро станица во Букурешт „Пјата Романа“ денеска изби пожар поради што се евакуирани 172 лица, рече шефот на романската Служба за вонредни ситуации, Раед Арафат.

Тој наведе дека 25 лица од евакуираните побарале медицинска помош.