Голем пожар избувна утрово во Парламентот на Јужноафриканската Република во Кејптаун, јавува АФП.
Над зградата се издига густ чад, а Собранието во моментов не заседава поради празниците.
Пожарот започнал од канцелариите на третиот кат и се проширил на пленарната сала и на покривот, изјави портпаролот на противпожарната служба за локалните медиуми.
Пожарот не бил локализиран и повикано е засилување.
Во пожарот нема повредени, за што информираат од обезбедувањето. Во гаснењето се вклучени повеќе од 35 пожарникари.
