Пожар во семејниот дом на британскиот премиер Стармер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во утринските часови избувна пожар во приватната куќа на британскиот премиер Кир Стармер во Северен Лондон, објави „Тајмс“.

Се додава дека никој не е повреден во инцидентот кој се случил ноќеска, и само ја оштетил вратата.

Пожарникарите велат дека полицијата била аламрмирана од противпожарната бригада во Лондон во 1:35 часот наутро за пожар во стан. Се верува дека адресата е семејниот дом на Кир Стармер каде што живеел со сопругата и децата пред да се пресели на Даунинг стрит по неговата изборна победа.

„Полицијата излезе на местото на настанот. Имаше штета на влезот во зградата, нема повредени. Пожарот е под истрага, а кордоните остануваат на место додека трае истрагата“, соопшти полицијата.

Полицијата започна итна истрага за да се утврди причината за пожарот.