Пред малку избил голем пожар на отворен простор над скопското с. Батинци.
Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов пожарот зафати трева, грмушки и мешана шума, а поради ветрот се шири со голема брзина.
„Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС.
На лице место е и директорот на ЦУК Мухамед Али.
Според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар“, вели Ангелов.