Пожар доцна вечерва избувнал во термоелектраната Осломеј кај Кичево, дознава ТВ21.
Според првичните информации, пријавата за пожар е пристигната нешто по 20 часот при што веднаш на терен пристигнале екипи од територијалната противпожарна единица во Кичево.
Пожарот се гаснел до полноќ. Во моментов нема информации за штетата и дали воопшто во овој момент ТЕЦ Осломеј произведува струја.
„Во период од 20:15 до 23:45 часот, со 5 пожарникари и 2 ПП возило интервенирале на појавен пожар во ТЕЦ-Осломеј во просториите кај што биле сместени турбините“, велат од Регионалниот центар за управување со кризи во Охрид.
Нашата дописничка од Кичево јавува дека воздухот во градот е загаден и се чуствува лош мирис, но тоа не може да се потврди бидејќи мерната станица не испраќа податоци.