Трговски центар во косовскиот град Пеќ, бил зафатен од голем пожар, по што осум лица се повредени.
Причините за пожарот и натаму се непознати, а пожарникарите веднаш излегле на местото на настанот и спречиле проширување на пламенот.
Од Општата болница во Пеќ информираат дека во пламените јазици повредени се осум лица, и дека не се во животна опасност.
„Пациентите се лекуваат во нашата болница и нивната состојба е стабилна. Никој од нив не е во тешка ситуација, главно тоа се случаи со труење на дим“, се вели во официјалното соопштение.
