Три деца се повредени во пожар што избувна денес во станбена зграда во Северен Лондон и се однесени во болница.
Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари беа мобилизирани за гаснење на пожарот, соопшти Лондонската противпожарна бригада (LFB), објави Скај њуз.
Според информациите од LFB, децата се хоспитализирани поради вдишување чад.
