Пожар во зградата на поранешната касарна во Струмица, гореше и ТВ ВИС

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рано утрово околу 2 часот изби пожар во зградата на поранешната касарна каде се сместени просториите на регионалната ТВ канал ВИС. Во пожарот кој изби зафатени беа телевизкото студио и техниката, но гореа и останатите субјекти сместени во зградата. Противпожарната екипа е се уште на терен и се обидуваат да го локализира пожарот. Увидна екипа на полицијата треба да дојде во текот на денот откако ќе се изгасне пожарот. Истрагата треба да покаже кои се причините на избивање на пожарот и колкава е материјалната штета.

Извор: ТВ канал ВИС