Нивната секојдневна работа е да се соочат со огнот.
Пожарникарите се често пати тие кои спасуваат животи.
Но, овие херои велат дека не добиваат толку колку што заслужуваат. 20% за опасноста при работењето, е нешто што им следува, но за жал како што велат не ги добиваат овие сретства.
Пожарникарот, Премтим Коџаџику, вели дека според законот од 2014 година, освен плата, тие треба да добиваат и додаток од 20% од платата, но досега ниту еднаш не добиле.

„Нашата иницијатива е ние како пожарникари да му дадеме рок од 5 дена на Град Скопје за да се постигне договор. Доколку не се постигне ние ќе излеземе на протест. Бараме тоа што ни припаѓа, не бараме покачување на плата, туку тие 20% кои ни припаѓаат поради ризикот при работата“, посочи Премтим Коџаџику.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, вели дека се работи за решавање на овој проблем. Според него, Градот Скопје пријавите на пожарникарите го чинеле 80 милиони денари.
Утре е последниот ден од одредениот рок од страна на пожарникарите.
Доколку не се најде решение за пожарникарите, тие ќе протестираат, но на кој начин се уште не е познато.
