Пожарникарите спасија куче кое паднало во шахта во двор на основно училиште во Старо Нагоричане

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарникарите од Старо Нагоричане спасија куче кое паднало во шахта во двор на основно училиште, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица.

„На ден 20.11.2025година во 10:00 часот во основното училиште во с.Младо Нагоричане (маала Ѓорговци) по повик од вработени во училиштето за паднато куче во длабока шахта,ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари до 11:00 часот“, велат од ТППЕ Старо Нагоричане.