Пожарот кај Богомила кој започна вчера и натаму е активен, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
„Пожарот кој започна вчера во атарот на село Богомила, поточно покрај пругата кон село Ореше, пред тунелите, сè уште е активен. Гори сува трева и мала површина шума. Во гаснењето на пожарот, утринава на терен излезе екипа од 8 лица од ЈП Национални шуми – подружница Бабуна, Велес.“, велат од ЦУК.
Фото: Архива
