Пожарот кај Измир не се смирува веќе трет ден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шумскиот пожар во близина на Измир во Турција не стивнува веќе трет ден, пожарот се шири кон станбените области, граѓаните од пет села и две населби се евакуирани, едно лице е спасено од пламенот, а повеќе од 20 лица се примени во болница поради задушување од чад.

Голем број пожарникари се на терен и се обидуваат да го стават пожарот под контрола, објави „Сабах“.

При гаснење на пожари, интервенцијата се врши од воздух и од копно.