Пожарот во Галичник ставен под контрола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарот кој денес зафати дел од планината над селото Галичник, е ставен под контрола, информираа од МЗ Галичник на својата официјална страна на Фејсбук.

„Драги галичани, пожарот е под контрола. Според последните информации, нема опасност за имотите и куќите. Денеска интервенираа НП Маврово, Центар за управување со кризи, Противпожарните бригади од Дебар и Гостивар, амбулантно возило Гостивар, хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија, локално население и екипи и возила на Коњички клуб Шерпа. Вечерва во Галичник имаме гости – специјална единица на Армијата, кои се присутни за поддршка доколку состојбите станат критични и се појави потреба од интервенција. Посебна благодарност до нив! На Укален се гаснат последните остатоци од пожарот. Утре наутро се најавени летови за гаснење со двата армиски хеликоптера. Електричната енергија е сѐ уште во прекин и ќе биде повторно пуштена откако ќе се извршат потребните проверки. Ќе информираме дополнително. Огромна благодарност до сите вклучени во денешната акција“, напишаа од МЗ Галичник.