Пожар избувна во популарен ноќен клуб во Виена во вторник вечерта. Клубот бил посетуван од иселеници од Балканот.
Пожарот во клубот „Вилиџ“ брзо се прошири на покривот. Пожарникарите пристигнаа на местото на настанот со неколку возила и два водни топови.
Пожарот беше гаснат цела ноќ. Никој не беше повреден бидејќи клубот бил затворен во моментот на инцидентот, а благодарение на брзата реакција на пожарникарите, пожарот не се прошири на околните објекти.
Дел од објектот се урна. Причината за пожарот сè уште не е позната.
Во овој клуб гостуваат познати фолк пејачи од земјите од поранешна Југославија.
