Утрово Македонија ја разбуди веста дека ноќеска околу 02:35 часот во скопската населба Топанско Поле, имало пукање, при што биле убиени две лица.
Двете лица на возраст од 28 и 24 години, биле пронајдени во безживотна состојба во патнички автомобил.
По полицискиот увид на терен, биле пронајдени чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушта), соопштија од МВР.
Засега не е познат мотивот за убиството, а полицијата трага по напаѓачите.
„Утврден е идентитетот на лицата А.Б.(28) и Б.В.(24), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.“, велат од МВР.
