Поранешниот американски претседател на САД и сегашен кандидат, Доналд Трамп, претставија план за крај на војната во Украина. Тие предложија модел на „замрзнат конфликт“ кој ќе вклучува автономни региони од двете страна на демилитизираната зона, се додека Киев е надвор од НАТО.
Замрзнување на војната Концептот на Трамп ги ревидира договорите од Минск од 2014 и 2015 година кои не успеаја да ги запрат непријателствата во источна Украина.
Еде од советниците на Трамп изјави дека тие договори предвидуваат зачувување на територијалниот интегритет на Украина преку автономни зони. Сега ќе се воведат механизми за спроведување на договорите и дефинирање на последиците од прекршувањата.
Сојузниците на Трамп тврдат дека Украина ја губи војната, што ја прави нивната инцијатива исправна.
Трамп исто така смета дека сегашниот претседател Џо Бајден треба да разговара во Владимир Путин.
„Го замрзнуваме конфликтот, Украина не отстапува ниту една територија, не се откажува од своите територијални барања, а ние преговараме со разбирање дека веројатно нема да има конечен договор додека Путин не ја напушти политичката сцена“, рече Ферд Флијц, поранешен соработник на Трамп во јавната администрација, и додаде дека членството на Украина во НАТО не може да се исклучи, со цел да се натера Русија да преговара.
