Позната е првата репрезентација која е елиминирана од ЕВРО 2024

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Возбудувањата на Европското првенство 2024 година продолжуваат и денеска со комплетирање на второто коло од групната фаза, по што од утре веќе почнува третото коло, па во следните денови ќе ги дознаеме 16-те селекции кои ќе се пласираат во следната фаза од најелитното европско репрезентативно натпреварување.

После две кола јасно е дека Шпанија и Германија се веќе пласирани во следната фаза од ова натпреварување, а од вчера е познат и првиот тим кој е елиминиран од Европското првенство. Станува збор за Полска која во моментов е без бодови, и не може во никој случај да се најде ниту на третото место во групата, кое може да ги однесе во 1/8 финалето.

Полјаците во првото коло загубија од Холандија, а во второто беа поразени од Австрија, со што стана јасно дека Полска после третото коло против Франција, без разлика на исходот, си заминува дома.

Една од причините на неуспехот на Полска можеби „лежи“ во повредата на Роберт Левандовски кој ги почна двата меча од клупата, поради тоа што и натаму не беше подготвен целосно да се стави на располагање на својата селекција.