Познатата Тик Токерка потпишана како @abir.esag на својот Тик Ток објави видео на кое подготвува македонско тавче гравче.
Имено, видеото следува откако познатата тик токерка доби коментар од следбеник да го направи баш ова јадење.
Покрај видеото, таа се одлучи и за македонска песна, па затоа ја одбра „Ледена“ од нашиот Тоше Проески.
@abir.sag Reply to @madi_mad_ macedonian tavče gravče 🇲🇰 #macedonia #macedonia🇲🇰 #tavčegravče #abirzkitchen #fyp
♬ Ledena – Tose Proeski
Инаку, според видеата кои се објавени на нејзиниот Тик Ток може да се забележи дека фановите посочуваат јадења од целиот свет, а таа истите ги подготвува во својот дом.
На нејзиниот Тик Ток профил ја следат повеќе од 4.5 милиони корисници.