Познати првите четири екипи кои се пласираа во 1/4 финалето во ЛШ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екипите на Барселона, Баерн Минхен, Интер и ПСЖ се пласираа во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, по вечерашните реванш средби.

Барселона и на реваншот ја совлада Бенфика со 3-1, и со вкупни 4-1 се плсираше во следната фаза.

Екипата на Баерн Минхен имаше голема предност од 3-0 над Баер Леверкузен по првиот меч во Минхен, но ја потврди својата класа и триумфираше и на реваншот со 0-2.

Интер со 2-1 го совлада Феенорд, и со вкупни 4-1 се пласираше во следната фаза. Токму Баерн Минхен и Интер ќе ги одмерат меѓусебно силите во 1/4 финалето.

Најдраматично беше во Ливерпул, на Енфилд славеше ПСЖ со 0-1, и го повтори резултатот од првиот меч. И по продолженијата немаше промени, па се премина кон изведување на пенали. Таму Џанлуиџи Донарума одбрани два пенали, и го однесе својот тим во 1/4 финалето.