Репрезентациите на Грузија, Украина и Полска се последните учесници на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија. Овие три селекции преку финалните баражи во Лигата на Нации вечерва, успеаја да обезбедат учество на големиот собир.
За Грузија ова е историски, прв настап на едно европско првенство, и тоа е единствената селекција дебитант на ЕП во Германија. Оваа репрезентација ја совлада Грција по изведувањето на пеналите. Украина беше подобра од Исланд со 2-1, додека Полска на пенали ја победи селекцијата на Велс.
Комплетирани се и групите, а се чини дека „пеколно“ ќе биде во групата „Д“ каде што на селекциите на Холандија, Австрија и Франција им се приклучи и селекцијата на Полска. Грузија ќе игра со Турција, Португалија и Чешка, додека Украина оди во групата „Е“ на Белгија, Словачка и Романија.
🚨 UEFA EURO 2024 groups are now completed. pic.twitter.com/9xbrC0miJI
— Madrid Zone (@theMadridZone) March 26, 2024
