Вечерва се одиграа последните два натпревари од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, со што се комплетираа сите екипи кои се пласираа во ТОП 8 тимови во Европа.
Челзи го совлада Атлетико Мадрид и во вториот натпревар, и обезбеди место во 1/4 финалето, додека бранителот на трофејот Баерн Минхен го совлада Лацио со 2:1, и со вкупни 6:2 се пласираше меѓу најдобрите 8 екипи во Европа.
Вчера учество во 1/4 финалето обезбедија Реал Мадрид кој ја елиминираше Аталанта, и екипата на Манчестер Сити кој ја победи со 2:0 Борусија Менхенгладбах.
Претходно пласман во следната фаза обезбедија Борусија Дортмунд, ПСЖ, Ливерпул и Порто.
Ждрепката за полуфиналните дуели е во петок во 12 часот.
