Прамен од косата на Абрахам Линколн продаден за над 81.000 долари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кој е сопругот на Камала Харис, првиот Втор господин на САД?

Сопругот на новоизбраниот потпретседател на САД, Камала Харис, Даг Емхоф, стана првиот Втор господин, откако неговата сопруга официјално ја...

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 330 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 пациенти...

ВИДЕО: Американец освои џекпот вреден 730 милиони долари

Американската лотарија „Пауербол“ објави дека освоена е наградата од 730 милиони долари, по неколку месеци во кои никој не...

Мицкоски: Поддршка од премиерот Јанша и Словенија за евроинтеграцискиот процес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека на средбата со словенечкиот премиер Јанез Јанша била потенцирана недвосмислената поддршка...

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 17 пациенти – вкупно се лекуваaт 280 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот....

Парче од косата на Абрахам Линколн, заедно со крвавата телеграма за атентатот врз него во 1865 година, беа продадени на аукција за повеќе од 81.000 американски долари.

Аукцијата се одржа вчера, во аукциската куќа „Р.Р.“ со седиште во Бостон. Името на купувачот засега не се соопштува.

На некогашниот американски претседател му биле отсечени пет сантиметри коса за време на обдукцијата по убиството. Тоа, кратко откако Џон Вилкс Бут пукал во Линколн во театарот Форд во Вашингтон. Косата била ставена во официјалната телеграма на Воениот оддел и испратена до д-р Лајман Тод. Аукциската куќа ја гарантираше автентичноста на косата и на телеграмата.

Крајната цена од 81.250 долари е малку повисока од предвидените првични 75.000 долари.

Телеграмата е значајна и затоа што ја поби теоријата дека тогашниот министер за војна, Едвин Стантон планирал да го убие Линколн поради нивната лична нетрпеливост и политичките разлики. Печатот и самото време на испраќањето покажува дека воените телеграфски линии функционирале ноќта кога тој бил убиен.