Пратеникот Каевски позитивен на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот од редовите на СДСМ и поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, објави дека е позитивен на коронавирус.

Тој имал благи симптоми, и по првиот тест бил негативен, но ПЦР тестот му дал позитивен резултат.

– Другари и другарки, по првичните благи симптоми кои ги имав во петокот направив брз тест кој што беше негативен, но и покрај тоа направив уште еден ПЦР тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен. Се чувствувам добро и сум со поблаги симптоми. Во изминатиот период бев максимално внимателен и ги почитував мерките од Комисијата за заразни болести и министерството за здравство. Но, вирусот не прашува, така да, што е тука е и ова ќе помине. Во наредниот период останувам во самоизолација. Чувајте се почитувајте ги препораките и останете во добро здравје – пишува Каевски.