Пратениците, кои од утринава беа присутни со цел да се изгласа недоверба на Влада, го напуштија Собранието.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакна дека нема да ја повлечат иницијативата, но ќе си заминат.
Доколку до полноќ не се изгласа недоверба на Владата, седницата се смета дека е завршена.
Владата останува, а за следна седница на која ќе се испитува довербата на Владата треба да поминат 90 дена.
Инаку, денеска пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, преку својот Фејсбук профил истакна дека нема да присуствува на седницата со што овозможи опозициските пратеници да немаат кворум за гласање на недоверба на Владата.
