Нема подобро чувство кога сте изморени, а надвор е ладно, вие да легнете во топла соба. Сепак, стручњаците сметаат дека тоа не е добро затоа што може да предизвика проблем со здравјето, особено со кожата и косата, и да ви ја исцрпи енергијата, дури и да создаде мувла на ѕидовите.
Има неколку работи поради кои е добро да го исклучите греењето. Првата е од финансиска природа, односно потрошена енергија. И кога надвор е ладно, вие ќе бидете топли затоа што ќе спиете покриени. Ако не можете да трпите ладно, тогаш пред да легнете загрејте ја собата, и потоа исклучете го греењето и легнете на спиење.
Уште еден проблем кој може да настане доколку навечер го оставите греењето е мувла по ѕидовите, која е лоша по вашето здравје. Исто така изложување на телото на загреана просторија може да предизвика сушење на кожата и да ја оштети вашата коса.
