Ваква е атмосферата денеска скопски Бит Пазар пред празникот Бајрам. Коронавирусот не ја попречија традицијата на граѓаните од исламска вероисповед да купат нова облека за нивните деца. Многу родители со своите деца го посетија скопски Бит Пазар.
„Граѓаните излегле за последните подготовки за празникот Рамазан Бајрам. Некој за да купи облека за децата а други за набавка на храна. Тие не беа расположени да зборуваат пред камера, а зад камерата ни рекоа дека овој Бајрам не е како другите години“, вели граѓанка.
Една граѓанка вели дека поради коронавирусот овој пат празничната атмосфера е поинаква.
И за продавачите, празникот Бајрам оваа година не е ист бидејќи продажбата не е како другите години.
„За жал не е како другите години, но треба да сме благодарни за ова што ни го дал Господ, сепак сме задоволни. Има помалку граѓани, не е како порано, ние за Бајрам сме навикнати да имаме посетители и од другите градови, но овој Бајрам, не“, вели продавач.
„Послабо од другите години, поради вирусот. Овој вирус малку не вознемири“, рече продавач.
„Не, нема голема разлика последниве денови, исто е“, додава продавач.
„Не толку, поради вирусот“, вели продавач.
Инаку верниците муслимани поради коронавирусот месецот на Рамазан го дочекаа без гости за ифтар како што е традицијата, поради полицискиот час што го одреди Владата со цел да нема собири.
