Многумина од нас имаат посебно парче на накит кој толку ни е при срце што никогаш не го вадиме. Освен тоа понекогаш забораваме да го извадиме од нас кога одиме на спиење, затоа што тоа ни се чини залудно. Сепак, постојат неколку причини зошто треба да го вадите во текот на ноќта.
- Наутро тешко ќе го извадите прстенот – можеби се приметиле дека вашите прсти се нешто поголеми наутро. Тоа се случува затоа што кога мирно спиеме, течноста се собира во ткивата и предизвикува блага отеченост. Ако заспиете носејќи пристен, наутро потешко ќе го извадите. За да го извадите, ќе мора да користите течен сапун или некое масло
- Накитот може да го поремти вашиот сон – спиење со алка може да ве донесе во опасност, особено ако немирно спиете. Може да се заглави во вашата коса, ланче може да ви се смота околу врат, а може и да се изгребете во сон.
- Може да ја надразните вашата кожа – некои материјали кои се користат за изработка на накитот, како никел, може да предизвикаат алергиска реакција, црвенило и чешање. Злато и сребро се сигурна опција, но тие често содржуваат и други метали. Особено ова важи за оние кои имаат чувствителна кожа.
- Проблеми со ушите – доколку спиете со обетки, тогаш може да ги издолжат вашите уши и со тоа ќе изгледаат постаро. Ушите со години ја губат еластичноста, и ако не им дадете време дасе одморат, може прерано да се „обесат“.
- Може да предизвикате собирање на бактерии – ако не го симнете накитот за да не го чистите, вашиот омилени додатоци може да станат легло на бактерии.
- Спиење со накит не е добро ниту за накитот – иако многу лица имаат навика да спаваат со прстен, подобро да ги тргнете пред спиење за да го одржите и нактитот. Ако сте немирни во текот на спиењето, може да удрите со прстенот во раб од креветот или наткасна, па да го скршите прстенот
