Посетата на Попова Шапка претставува голем предизвик. Дури и по пристигнувањето кон врвот, ќе ви бидат потребни околу 40 минути за да се стигне до паркингот, кој исто така не е исчистен. За време на викендите, колоните од автомобили се уште подолги, што ги принудува посетителите да паркираат покрај патот и да пешачат.
Патот што води до викенд-селата исто така не е чистен, а насобраното ѓубре наликува како да не е собрано со месеци. Од Општина Тетово објаснуваат дека чистењето не било извршено како што треба поради врнежи, додека за ѓубрето одговорноста е на компанијата која управува со отпадот.
„За време на деновите со врнежи, компанијата одговорна за одржување на патиштата постојано била на терен. Ги чистела патиштата, имало тешкотии при поминување и секако било невозможно патиштата да бидат совршено чисти. Што се однесува до ѓубрето, треба да се контактира компанијата одговорна за да се види каква е состојбата со отпадот на Попова Шапка“, порача Албион Алили.
Од Општина Тетово соопштија дека се очекува да започне јавниот превоз до Попова Шапка, кој ќе функционира за време на викендите.
Директорот на ски-центарот, Гани Алији, истакнува дека денес поради силниот ветер од околу 80 километри на час, шестоседот, и двоседот на жиќницата не биле пуштени во употреба.
„Ние како ски-центар, според атмосферските услови, гледаме дека жичниците не можат да функционираат бидејќи ветерот дува околу 80 км/ч. Поради тоа, досега работат само ‘Тетекс’, ‘Аеродром’ и ‘Г-то, бидејќи таму е многу високо и ветерот е силен.“, вели Гани Алији
Ски-центарот официјално беше отворен вчера за скијачите. Недостигот на паркинзи, ѓубрето и неисчистените патишта до викенд-селата се проблеми кои се појавуваат секоја година на Попова Шапка.
