Предлог законот против пушење во вторник на седница на Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Законот за заштита од пушење во вторник ќе се најде на седница во Влада. Ова го најави министерот за здравство Азир Алиу.

„Во вторник ќе биде на седница на Влада, после тоа истиот ќе биде процесуиран во Собрание. Се надевам дека не повеќе од месец-месец и пол законот ќе биде процесуиран. Немаме точка која е отворена, имавме состаноци со сите засегнати страни и сите забелешки ги нотиравме, и на крај со задоволство можам да кажам дека сите отворени прашања се затворени, и немаме отворени прашања во врска со законот“, рече Алиу.