Предлог-законот за Високо образование повторно ќе се разгледува во ЕНЕР, а потоа ќе оди во владина процедура, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според неа, биле земени предвид голем број забелешки, прифаќајќи промени како од технички, така и од суштински аспект. Меѓу главните промени се намалување на барањата за бројот на трудови за магистратура и докторски студии.
„Примивме многу забелешки, сè што сметаме за конструктивно го прифативме, направивме одредени отстапки без разлика дали се од техничка или суштинска природа. И што прифативме? Прифативме, на пример, еден труд помалку за магистратура, еден труд помалку за докторски студии, Scopus за хуманистичките и општествените науки. Ја намаливме процентот на банкарска гаранција за приватните установи. Воведовме нови критериуми, како што се бара за развојот на третото ниво на студии, и многу други што ќе се видат во понеделник“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Ректорот на Тетовскиот универзитет, Јусуф Зејнели, за ТВ21 изјави дека главните забелешки на законот се поврзани со докторските студии, каде што се бара повлекување на прашањето за рангирањето. Исто така, тој рече дека се бараат повеќе финансиски средства за истражувања, но и за нови работни места.
-Потоа е прашањето за ограничувањето каде само 4-те најрангирани универзитети ќе имаат можност да организираат докторски студии, а бројот на проекти да се усогласи. Кога велите дека се загрозува автономијата на Универзитетот, што значи тоа? Тоа значи дека се претставува како орган преку кој извршната власт може директно да влијае врз институциите за високо образование, што не е добра практика. Универзитетот има свои органи во овој поглед – својот совет, ректоријат, сенат, и затоа сенатот на УТ побара повлекување на законот, со цел нашите забелешки да бидат земени предвид, изјави Јусуф Зејнели, ректор на УТ.
Првата верзија на предлог-законот беше повлечена за промени, откако беше критикувана за недостиг на транспарентност и јавна дебата, прашања за автономијата на универзитетите, финансирањето и соодветното претставување на различни групи во рамките на универзитетите. Критиките од академската заедница, министерката за образование ги оцени како барање на мала група професори.
