Едно лице почина денес во Албуфеира, туристички град во јужна Португалија, додека силни ветрови го погодија регионот Алгарве, кој е во портокалова тревога неколку дена поради бурата Клаудија, соопштија португалските власти.
Претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази „солидарност со семејствата на жртвите, по минувањето на тропската бура Клаудија, која го погоди Албуфеира утрово“.
Агенцијата за цивилна заштита претходно објави на своите социјални медиуми дека две лица се повредени, а едно е исчезнато во камп во Албуфеира поради силни ветрови.
Според локалните медиуми, починатиот може да биде оној за кој првично беше пријавено дека е исчезнат.
Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека 20 лица се повредени кога делумно се урна покрив во ресторан во крајбрежно одморалиште во близина на Албуфеира. Не прецизираше дали уривањето е предизвикано од бурата.
Неколку области во јужна Португалија денес беа ставени на портокалово ниво на тревога поради тешките временски услови што ја погодија земјата во последните денови.
