Ѝ предвиделе уште три месеци живот – Наташа Пушова и по 11 години е жива и здрава, како го победи канцерот?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 36 години и дијагностицирале канцер на бели дробови во четврти стадиум и лекарите ѝ предвидувале дека ѝ остануваат еден до три месеци живот. Наташа Пушова купила 200 квадрати на Матка и одлучила последните денови да ги помине во овој свој рај кој си го создала. На почеток со ќерка ѝ спиеле овде во шатор, за подоцна да ја изгради и оваа куќа чии врати ги отвори за нас. По 11 година таа е без левото белодробно крило, и без три ребра, но за среќа жива, здрава и ја споделува својата животна приказна со вас гледачите на ТВ21.

„Ноќе болките беа поагресивни. Имаше моменти кога со гробот се ударав во ѕид за од јак удар да прекине болката, така да завршив на морфиум . Д-Р Вики Толовска виде дека нешто и е сомнително ме испрати на скен и видоа дека има некоја тумороидна маса. Ми направија две биопсии, првата беше бенигна, втората малигна. Се испитав и во Грција и дознав дека е нонхочкин линфом и остеосерком“, посочи Наташа Пушова.

Наташа започнала со хемотерапии, а лекувањето го продолжила со алтернативна медицина, која смета дека и помагнала во лекувањето и не само неа, кое траело една година.

„Кога се оперирав дојде еден мој пријател од Турција да ме посети кој дознал дека сум оперирана. Ми рече ќе ти дадам еден лек со кој мојата баба лечеше во Турција, те молам да го пиеш. Само тоа верувам дека ќе те исчисти. Му ветив дека ќе ја пијам, ја научи мајка ми да ја прави, која ми ја направи и првата доза и после операција почнав веднаш да ја пијам варовата вода“, вели Наташа Пушова.

Варта вели таа ја има насекаде, но не секоја вар е лековита. Некоја може да биде дури и канцерогена, па затоа вели таа треба да се биде многу внимателен при подготовката на лекот. Варовата вода ја пијат и здрави луже превентивно.

„Јас одам кај варовникот спијам два дена таму  го гледам со свои очи дека не ставаат гума, пластика.. Гумите му даваат поголем пламен, скратуваат на дрва, а варта е штетна, канцерогена. Така да мора да е на дрва печена. И сето тоа се прави без талог, мора да се прецедува внимателно“, вели Пушова.

Наташа  несебично и помага на сите оние кои ќе побарат помош од неа и кои веруваат дека моќта на овој начин да се излекуваат од канцер, а ги има многу и од цел свет, на различна возраст.

„Вчера добив порака од девојче кое беше болно од рак од Србија се излечеи и вели мајко јас не сакам да прекинувам со варовата вода. После неколку месеци ми се јавува дека останала бремена. Прашува дали му смета на бебето? Тоа е калциум карбонат велат ќе го зајакне и бебето. И таа до 7 месец од бременоста ја пиеше варовата вода, го роди детето“, посочи Наташа Пушова.

Најважно вели Наташа кога ќе се дијагностицира канцер е да не згасне желбата за живот. Да не и се потклекнува на болеста, бидејќи вели таа се е во психата. Не била секако некршлива ниту таа, но благодарение на ќерка и е феникс. Таа пред заболувањето била вработена, а сега е самохрана мајка, невработена, која живее без никаков надоместок, освен наследството од родителите.