Прекинат сообраќајот на патот Штип – Плачковица поради сообраќајка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 20:00 часот вечерва сообраќајот на регионалниот пат Штип – Плачковица е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода.

Екипи на полицијата се на терен и работат на расчистување на местото на несреќата, по што се очекува нормализирање на сообраќајот.

Апелира се до возачите да користат алтернативни патни правци и да бидат внимателни при движењето.