Поради плански зафати на ЕВН Македонија и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, денеска ќе има прекини во снабдувањето со струја и вода во повеќе скопски општини.
Без електрична енергија во различни термини ќе останат делови од Петровец, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
Истовремено, поради интервенции на водоводната мрежа, прекин на водоснабдувањето ќе има на неколку улици во општините Карпош и Кисела Вода.
Од надлежните претпријатија информираат дека станува збор за планирани активности и дефекти, кои се очекува да бидат санирани во текот на денот.
