Прекршочна пријава за Мицкоски – во кафеана бил со поранешен владин функционер и полициски службеник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во угостителскиот објект Христијан Мицкоски бил со еден поранешен функционер во Владата и со еден полициски службеник. Ова на денешната прес конференција го потвди дополнителната заменичката министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска. Таа потенцираше дека не станува збор за политички случај, туку за случај кој говори за свеста и совеста на оние кои во време на пандемија ги прекршуваат мерките за заштита, посочувајќи дека ќе биде поднесена кривична пријава против сите кои го сториле тоа.

„Од исказитре на очевидците идентификувани се сите четворица присутни во внатрешноста на објектот. Притоа на очевидци мислам на вработени во објектот. По утврдувањето од снимките нивните имиња ќе бидат соопштени, но можам да потврдам дека едно од лицата е поранешен функционер во владата, односно во министерството за внатрешни работи и еден е полициски службеник“, истакна Славјанка Петровска.

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, во синоќешното гостување во Клик плус изјави дека никој од келнерите не му укажал дека го крши донесениот протокол за работа на угостителите за време на епидемијата со коронавирусот, повторно се извини и порача дека ќе ја сноси одговорноста.

„Бидејќи протоколите се менуваат на дневна основа, се менуваат и уредбите, точно е јас кажав, тоа е мој личен пропуст, се извинив, човечки е, сум оигрешил, никој не е денеска безгрешен и спремен сум за тоа што сум погрешил да сносам одговорност соодветно законот и да си платам прекршочна казна“, посочи Христијан Мицкоски.

Завчера во Дебар Маало инспекторите два и пол часа биле спречени да извршат увид во еден угостителки објект од кој подоцна излегол лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со уште неколку лица.