Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Со нив меѓу другите беше и градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година.
Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година!“, порача Мицкоски.
