Премиерот на Канада: Ќе се сретнам со Доналд Трамп во Вашингтон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Канадскиот премиер Марк Карни денес изјави дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во вторник во Вашингтон.

Карни, поранешен гувернер на централната банка на Канада, рече дека не сака да се преправа дека тие разговори ќе бидат лесни.

Тој нагласи дека Канаѓаните избрале нова влада „која ќе му се спротивстави на Трамп и ќе изгради силна економија“, пренесува АП.