Премиерот на Косово позитивен на Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Косово, Авдула Хоти е позитивен на коронавирусот. Тој оваа информација ја објави самиот на својот профил на „Фејсбук“ каде информираше дека има позитивен тест.

„Почитувани. Ве известувам дека се тестирав на коронавирус и тестот покажа дека сум позитивен. Немам никакви симптоми освен блага кашлица“, напиша Хоти.

Тој од вечерва ќе биде во изолација во следните две недели.