Премиерот на Луксембург позитивен на коронавирус по Самитот на ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, ќе биде во изолација 10 дена откако по враќањето од Самитот на Европската Унија, има позитивен тест на коронавирус.

Никој друг од 26-те лидери на ЕУ кои беа на самитот во Брисел, не биле во контакт со Бетел, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Портпаролот на Бетел изјавил дека строго ги почитувал правилата и мерките за време на самитот.

„Нема шеф на држава или владин претставник на списокот на блиски контакти на премиерот“, додаде портпаролот.