Премиерот Заев денеска ќе учествува на Берлинскиот Самит за Западен Балкан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата информираше дека премиерот Зоран Заев денеска од 15 часот ќе учествува на Берлинскиот Самит за Западен Балкан.

„Самитот ќе го отвори федералната канцеларка на Германија, Ангела Меркел, а на истиот ќе се обратат шефовите на Влади од Западен Балкан, челниците на европските институции, премиерите на Обединетото Кралство, Хрватска, Грција, Бугарија и Словенија како и претседателот на Франција и канцеларот на Австрија.“, се вели во соопштението од Владата.