Премиерот Заев ја прифати оставката на Рашковски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес конференција, по новинарско прашање, посочи дека премиерот Зоран Заев ја прифатил оставката на Драги Рашковски.

„Ве известуваме дека премиерот Заев ја прифати оставката на Рашковски“, рече Арсовски

Тој додаде дека секретарот за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата Драги Рашковски доставил до премиерот писмо со кое го известува дека се повлекува од функцијата.

„Тоа е негова лична одлука и има право на тоа. Владата во неколку наврати ги охрабри институциите да проверат дали се прекршени какви било пропцедури правила и стандарди. Уште еднаш потенцираме дека набавката на софтверот е спроведена во целосно транспарентна процедура во целосна согласност со Законот за јавни набавки, институциите имаат потреба од тој софтвер за сообраќај. Истиот е набавен по сума која е спуштена низ тендерската постапка. Тој софтвер е тестиран, исправен, финкционален и нашите институции ќе го користат, а бенефит ќе имаат граѓаните и нивната безбедност“, додаде Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: