Премиерот Зоран Заев вчера во Брисел за време на самитот на НАТО имаше можност да разговара со претседателот на САД, Џо Бајден.
Тој денеска на прес-конференција кажа што разговарале со Бајден.
„Со претседателот Бајден разговаравме 10 минути. Разговаравме за стратешкото партнерство, барање за поддршката во реформите на демократските процеси. САД го прават тоа во МАкедонија 30 години, и навистина имаат вложено многу пари. Разгоравме за енергетските проекти, можноста да се користи американскиот течен гас. Имав можност да поканам повеќе американски компании да инвестираат во Северна Македонија, иако некои веќе инвестираат. Но најважно е да го поканиме претседателот Бајден да ја посети нашата земја и земјите од Западен Балкан.“, изјави Заев.
