Премиерот Зоран Заев се вакцинираше со вакцината Синофарм

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираше против коронавирусот.

Тој се вакцинираше со првата доза на кинеската вакцина Синофарм.

„Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна работна агенда во попладневните часови“, истакна Заев.

Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, и истакна дека вакцините се проверени и безбедни.

Инаку, досега во Македонија се вакцинирани 74,076, а заинтересирани граѓани за вакцинација има вкупно 256,346.