Преминот Мердаре кој го затвори полицијата на Косово поради блокадите на косовските Срби, повторно е во функција, потврди косовската полиција.
Патот на овој премин води од Куршумлија, беше затворен пред два дена. Потоа Мердаре официјално беше затворен од полицијата на Косово.
Откако утрово беше отстранета блокадата од српска страна, во 9:50 часот пуштен е преминот Мердаре.
