Ова е она што треба да го знаете кога одите на пазар.
Со години се пренесуваат легенди, научни теории и животни лекции за тоа како и на кој начин да се избере вистинската лубеница.
Секако, единствениот и правилен начин е да го отворите, да се уверите колку е месести, црвен и сладок, но секако тоа не е секогаш можно. Затоа луѓето со години се обидуваат да ги најдат вистинските совети како да ја проверат сладоста и зрелоста на ова популарно летно овошје, пишува citymagazine.danas.rs.
Заборавете на чукање на лубеница, ова се трите опции:
Ако забележавте дамка на површината на лубеницата, тоа е добар знак. Го претставува местото каде што лубеницата лежела на земја за време на созревањето. Најзрелите лубеници имаат жолтеникава дамка, додека оние кои се со бела или светло зелена боја треба да се избегнуваат бидејќи се набрани пред да созреат. Не купувајте лубеница која нема никакви дамки на површината.
Површината на лубеницата треба да има темно зелена боја, тврда на допир, мазна и без видливи оштетувања. Мека површина е сигурен знак дека овошјето почнало да гние, а избегнувајте исушена површина која ја изгубила сета своја сочност и сладост. Овошјето треба да биде асиметрично, а оние со необични грпки оставете ги на некој друг.
Можеби не ви е омилена активност да носите тешка лубеница дома од продавница, но тоа е најтешкото овошје на кое треба да му се посвети најмногу внимание.
Дури 92 отсто од лубеницата е вода, па така најсочните плодови се и најтешки. Соберете неколку лубеници со иста големина и однесете ја најтешката дома.
Тоа ќе биде најслатко и најсочно!