Престрелка во Филаделфија, седум лица повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Седум лица се ранети во престрелка во Филаделфија во американската сојузна држава Пенсилванија, соопшти полицијата.

Според нив, повредените лица се во стабилна состојба.

Полицијата соопшти дека пукањето се случило доцна синоќа и дека меѓу ранетите има тројца тинејџери на возраст од 16, 18 и 19 години.

На местото на инцидентот не е пронајдено оружје и засега нема уапсени, информираат од полицијата.