Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески се осудени со 2.5 и 4 години затвор за изборни нерегуларности во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Коста Митровски е осуден на 3 години затвор, Мунир Пепиќ со 1 година, а Мартин Протугер, кој во времето на екс премиерот Груевски беше шеф на кабинет, доби условна казна.
За обвинетиот Миле Јанакиески обвинителството побара куќен притвор кој треба да трае до почетокот на издржувањето на затворската казна, поради сомнение за бегство.
Адвокатот на Миле Јанакиески со контра одговор. Вели дека обвинителството не образложило зошто имало потреба да му се одреди мерка притвор.
И другите тројца обвинети добија условни казни која нема да се изврши ако во рок од 5 години не сторат ново кривично дело. Обвинетите се гонеа за криминално здружување, за повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања. Случајот Титаник продолжува за 13 други обвинети кои не ја признале вината, а станува збор за судска постапка од 2018 година во која имаше вкупно 21 обвинети, меѓу нив и екс премиерот Никола Груевски.
