Пресврт на претседателските избори во Полска: Победи десничарот Карол Навроцки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Карол Навроцки, десничарскиот кандидат е победник на претседателските избори во Полска, објави државната изборна комисија (ПКВ) по сите пребројани гласови. ПСВ објави дека Навроцки освоил 50,9% од гласовите, додека градоначалникот на Варшава Рафал Тшасковски има 49,1%.

Излезните анкети велеа дека Тшасковски е победник со 50,3% гласови, и прогласи победа, сепак се случи пресврт. Во миговите кога Тшасковски прогласуваше победа, Навроцки повика на претпазливост бидејќи резултатите биле претесни.

„Ќе победиме во текот на ноќта, разликата е минимална. Верувам дека од утре јас ќе ја предводам Полска“, рече синоќа.

Како нов претседател, тој веројатно ќе ги користи своите овластувања за да става вето на проевропската програма на премиерот Доналд Туск. Навроцки (42), кој по професија е историчар, беше кандидат на опозициската конзервативна партија Закон и правда. Тој ја поддржува натамошната поддршка за Украина, но се противи на нејзиното членство во НАТО и не сака Полска да ѝ отстапува повеќе овластувања на Европската Унија, туку е за поголема сувереност на земјата.