Претежно облачно и посвежо – температурите до 26 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претежно облачно и посвежо. На места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, локално (над 20 л/м2) и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 24 степени.

До четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури значително ќе опаднат. Во петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во благ пораст.